– Акумулатор без заверен гарантен лист и печат на продавачот или без фискална сметка и фактура.
– Акумулатор кој не е користен во согласност со упатството за употреба и оддржување.
– Акумулатор со видливи знаци на отварање на капачињата, механички и топлински оштетувања на пластичните и металните делови, оштетени фабрички ознаки, подуен од страните.
– Акумулатор во кој е досипувана несоодветна течност од страна на неовластено лице.
– Акумулатор кој е преполнуван со струја (знаци на потемнет електролит, висок напон на отворено струјно коло >13v)
– Акумулатор кој е недоволно наполнет со струја (напон <12.2v) T631
– Акумулатор кој во електрички испразнета состојба стоел подолго од 48 часа што довело до длабоко празнење сулфатизација на електродите или евентуално замрзнување на електролитот на температура под 0 C ( подуеност на кутијата) . Т632
– Акумулатор при кој со нестручно ракување е дојдено до оштетување и топење на половите изводи, експлозија или топење на акумулаторот.
– Ако системот на полнење со струја на возилото не е исправен (граница е 13,8 – 14,6V).
– Акумулаторот кој е примен со напон под 12,0V, се наоѓа во фаза на длабоко празнење. На барање на купувачот може да се дополни со струја, при што се наплаќа услугата по важечкиот ценовник на сервисот.
– Акумулатор со напон поголем од 12.8V на кој е испадната активната маса (истрошен) – ова настанува поради интензивна употреба кога возилото ќе направи голем број на работни часови, односно голем број на километри (60 000км), поради непредвидени додатни употреби на акумулаторот: Такси возила; Акумулатори кои се користат на возило со вграден плински уред ТНГ и не стартиваат на бензин туку само на ТНГ; Стартер акумулатори кои не одговараат на намената и на типот на возилото спрема карактеристиките дадени од производителот. /солар, ел. Вилушкар, платформи за утовар, инвертори 12/220 V, при што доаѓа до циклична дотраеност на акумулаторот и и стиот се троши пред истекот на гаранцијата. Последица на ова е заматување на електролитот. Т6.3.8
– Акумулатори со заменет поларитет.