fbpx

Поправка

Под поправка се подразбира пост продажна грижа за производот во гарантен и вон гарантен рок. Акумулаторот може да се сервисира доколку настанало електрично празнење поради неисправност на електричните уреди на возилото, но е ограничено во рок од 48 часа од настанувањето на оваа појава во спротивно можат да настанат несакани последици и уништување на акумулаторот.

Механичките и топлински оштетувања не се предмет на рекламација.

Исто така акумулатори кои не се соодветни на карактеристиките на возилото на кое се вградени не се предмет на рекламација. Такси, Авто Школа и Влечна служба подлежат на 6 месечна гаранција.

Доколку на акумулаторот се утврди недостаток поради грешка во вградените материјали или грешка во производниот процес, производот ќе се замени со нов. Грешката ја утврдува овластен сервисер согласно упатството за сервисирање и дијагностика на грешки од производителот