ШТО ДА СЕ НАПРАВИ ДОКОЛКУ АКУМУЛАТОРСКАТА КИСЕЛИНА ДОЈДЕ ВО КОНТАКТ СО ОБЛЕКА И КОЖА?
Течноста во акумулаторот е разредена сулфурна киселина која е опасна за човечкото тело и облеката. Доколку киселината дојде во допир со тело потребно е врднаш тој дел да се измие со поголема количина на вода, посебно ако се во прашање очите. Ако дојде киселина во устата или ждрелото треба веднаш да се испие поголема количина на вода или млеко и да се отиде итно на лекар.
ВО КОИ СЛУЧАИ ДОАЃА ДО ЕКСПЛОЗИЈА НА АКУМУЛАТОРОТ?
При нормално работење на акумулаторот како и при електричното дополнување, во акумулаторот се ослободува водород и кислород кои можат да создадат експлозивна смеса во околината на акумулаторот. Поради наведеното, просторијата во која се врши електрично полнење мора да биде добро проветрувана. Исто така не е дозволено приоѓање со отворен оган, запалена цигара или слично бидејќи постои можност акумулаторот да експлодира и да дојде до повреди на човекот. Исто така препорачуваме после возењето на возилото да не се одвојуваат веднаш каблите од акумулаторот, бидејќи е можно запалување на гасовите со електрична искра која при тоа се создава.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА И ОДДРЖУВАЊЕ НА АКУМУЛАТОР
Акумулаторот електрички е наполнет и може да се вградува во возилото. Акумулаторот внимателно се става во лежиштето и механички се прицврстува. Потоа се прицврстува позитивниот кабел на негативниот пол на акумулаторот.
КЛЕМИТЕ ДА БИДАТ ЧИСТИ И СУВИ. НЕ Е ДОЗВОЛЕНО УПОТРЕБА НА МАСТ. Доколку при приклучувањето на клемите се појави варничење проверете дали има некој расипан електричен уред, односно скриен потрошувач I=0.04 А max.
Настојувајте секогаш површината на акумулаторот да биде чиста и сува.
Ако евентуално е дојдено до делумно или потполно празнење на акумулаторот (напонот на отворено струјно коло е помал од 12,2 V), поради грешка во електричната инсталација во возилотово воаилото или постојано вклучени потрошувачи или пак поради долго (повеќе од 6 месеци) не прописно складирање , акумулаторот мора електрички да се дополни за да не дој де до сулфатизирање и уништи и уништување на електродите. Електричното полнење секогаш се врши надвор од возилото во овластен сервис со соодветна опрема.
ВО КОИ СЛУЧАИ НЕ СЕ ПРИЗНАВА РЕКЛАМАЦИЈА?
– Акумулатор без заверен гарантен лист и печат на продавачот или без фискална сметка и фактура.
– Акумулатор кој не е користен во согласност со упатството за употреба и оддржување.
– Акумулатор со видливи знаци на отварање на капачињата, механички и топлински оштетувања на пластичните и металните делови, оштетени фабрички ознаки, подуен од страните.
– Акумулатор во кој е досипувана несоодветна течност од страна на неовластено лице.
– Акумулатор кој е преполнуван со струја (знаци на потемнет електролит, висок напон на отворено струјно коло >13v)
– Акумулатор кој е недоволно наполнет со струја (напон <12.2v) T631
– Акумулатор кој во електрички испразнета состојба стоел подолго од 48 часа што довело до длабоко празнење сулфатизација на електродите или евентуално замрзнување на електролитот на температура под 0 C ( подуеност на кутијата) . Т632
– Акумулатор при кој со нестручно ракување е дојдено до оштетување и топење на половите изводи, експлозија или топење на акумулаторот.
– Ако системот на полнење со струја на возилото не е исправен (граница е 13,8 – 14,6V).
– Акумулаторот кој е примен со напон под 12,0V, се наоѓа во фаза на длабоко празнење. На барање на купувачот може да се дополни со струја, при што се наплаќа услугата по важечкиот ценовник на сервисот.
– Акумулатор со напон поголем од 12.8V на кој е испадната активната маса (истрошен) – ова настанува поради интензивна употреба кога возилото ќе направи голем број на работни часови, односно голем број на километри (60 000км), поради непредвидени додатни употреби на акумулаторот: Такси возила; Акумулатори кои се користат на возило со вграден плински уред ТНГ и не стартиваат на бензин туку само на ТНГ; Стартер акумулатори кои не одговараат на намената и на типот на возилото спрема карактеристиките дадени од производителот. /солар, ел. Вилушкар, платформи за утовар, инвертори 12/220 V, при што доаѓа до циклична дотраеност на акумулаторот и и стиот се троши пред истекот на гаранцијата. Последица на ова е заматување на електролитот. Т6.3.8
– Акумулатори со заменет поларитет.
Достава
До 100Ah/150ден
Над 100Ah/300ден
Гаранции
ТAXXON – 24 месеци
TOPLA – 24 месеци
TOPLA TOP – 30 месеци