Еве како да го зачувате акумулаторот за да има беспрекорни палење на моторот и во најладните денови од годината:
1.Возете !
Да, тоа е наједноставно а една од главните причина за подлог век на акумулаторот. Батериите кои што не се користат го губат полнењето и квалитетот. Најпотребно на батеријата и е често патување на подолги релации кога може да се наполни целосно.
2.Чувајте ја батеријата чиста и сува !
Исчистете ја батеријата со антистатичка крпа. Не дозволувајте да потоне во прашина и не дозволувајте влагата да ја достигне. Влагата во моторниот простор не е добра идеа за кој било до системните на вашиот автомобил, но најмногу за електричниот систем на автомобилот.
3.Бидете внимателни со оптоварувањето на батеријата во зимски услови !
Нормално е да се вклучува греењето во автомобилот во текот на зимата, но запомнете дека на бројни кратки патувања со вклучување на сите вакви опции, батеријата нема да може да се полни доволно. Не паѓајте во искушение да го оставите аудиот системот и загревањето вклучено додека чекате некој со запрен мотор. Ова може да ја потроши батеријата исклучително брзо.
4.Не заборавајте на дополнителната опрема !
Дополнителни уреди кои исцрпуваат енергија преку запалката или USB – приклучоците, исто така, можат да ја потрошат батеријата и тие најчесто не се поврзани со главните индикатори на автомобилот и системот не сигнализира во случај да заборавите да ги исклучете.
5.Направете долги патувања !
За време на кратки патувања, алтернаторот не ја полни батеријата. Кога е можно, направете долги патувања. Во случај да сеуште трошите од батеријата со низа кратки патувања, тоа не е застрашувачко – користете полначи тип ( ??? )
6.Тестирајте ја батеријата пред почетокот на зимската сезона !
Со тестерите на батерии ( ??? ) може да го провериме нивото на полнење, напонот, состојбата на електролитот и многу други индикатори за секој тип на батерии, што ни овозможува да превземеме соодветни мерки, да ви дадеме препораки и да ви обезбедиме долгорочност на батеријата.
7.Исклучете ја батеријата ако не го користите возилото во зима !
Ако користите друго тип на превоз освен вашиот автомобил или пак не сте во можност да го користите вашиот автомобил за време на зимската сезона, исклучете ја батеријата, ставете ја на суво и проветрено место, за да на пролет можете повторно беспрекорно да ја користете истата. Секоја батерија мора да се чува во 100% наполнета состојба !