fbpx

AGM и EFB – Каква е разликата и кој акумулатор да го изберам ? Leave a comment

Автомобилите со старт – стоп системи се базираат на две различни акумулаторни технологии, во зависност од потребата за енергија, оптоварувањето и од работните циклуси.

Системот Старт- Стоп е започнат со идеата да се намали потрошувачката за гориво и штетните емисии. Специјално произведените акумулатори со старт – стоп системи се задолжителен дел од системот. Се користат две различни технологии, како разликата во енергијата што можат да ја понудат, во отпорноста на разредување и вибрациите.

AGM – Absorbent Glass Matt – апсорбирачко стакло мат

EFB – Enhanced Flooded Battery – подобрен акумулатор со течен електролит

Кај акумулаторите  AGM киселината се апсорбира од стаклените влакна, што не е можно истекување и тоа значи дека практично тие се суви батерии. Нивната циклична отпорност е од три до четири пати поголема од обчните батерии.

Кај акумулаторите EFB отпорноста на празнење е двојно поголема отколку кај конвенционалните.

 АGM Акумулатори

За старт – стоп автомобилите со најголеми енергетски барања и обновување на енергија на сопирачките
За возила од средна и ниска класа, вклучувајќи и луксузни модели
До 360000 палења на моторот
Батеријата AGM се полни со помал процент од стандардните акумулатори, најчесто за околу 70%.

Внатрешниот систем на автомобилот го пресметува тоа во зависност од начинот на возење (поагресивно или помирно) и од видот на патување (урбано со чести запирања или надвор од градот). Конвенционалната батерија од олово и киселина со течен електролит не може да издржи ваков товар повеќе од неколку недели.

Како работи AGM акумулаторот ?

АGM батериите ја апсорбираат киселината во стакленита волна и оставаат доволоно пори преку кои е можна дифузија на кислород од позитивна во негативна плоча. Во негативната плоча, кислород се комбинира со ловната маса и формира оловен оксид. Овој оловен оксид потоа реагира со сулфурна киселина и формира оловен сулфат, ослободувајќи вода. Во фазата на полнење, оловниот сулфат се претвора во олово повторно. Резултатот на сето ова е дека нема загуба на вода.

Меѓутоа, ако се генерира премногу гас заради технички проблем со автомобилот, преголемо полење или екстремни надворешни температури, притисокот на батеријата се зголемува континуирано се додека не се отворат безбедносните вентили.

Поради наведените процеси, кои што се случуваат кај овој тип на акумулатори, тие имаат некои карактеристични изменувања на дизајнот:
        –     Поголема цврстина на кутијата за да издржи поголем притисок

  • Специјална конструкција со вентил за гасови под притисок во случај на полнење
  • Специјални сепаратори за стаклената волна прозиведени со максимална прецизност. Совршена компресија и заситеноста на сепараторот се меѓу основните барања за правилно работење на батеријата
  • Повисока од нормалната содржина на олово. Ова е неопходно затоа што му недостасува киселинска резерва што ја имаат течните батерии.

Зошто да изберам АGM ?

  • Тројно поотпорен на циклични оптоварувања во споредба со конвенционалната берија
  • Многу поголема отпорност на вибразии со продолжена употреба
  • Нема ризик од истекување, благодарение на електролитот, кој се апсорбира во апсорбната стаклена волна
  • До 360000 палења на моторот

EFB Акумулатори – За автомобили со поголеми побарувања на енергија и по прости Старт – стоп системи
        –      За коли од ниска до средна класа

  • До 270000 палења на моторот

Технологијата EFB во основа е насочена кон попрости Старт – стоп системи и кај автомобили со високи побраувања на енергија. Овој развој е напредна верзија на конвенционални батерии со течен електролит. Специјални додатоци на оловната маса и употребата на неткаен материјал обезбедуваат дополнителна издржливост. Оваа технологија е идеална за автомобили со Старт – стоп без технологија на регенеративно сопирање.

Ако вашето возиело е опремено со систем за обновување на енергијата на сопирачките, EFB батеријата исто како и AGM батеријата, се полни веѓтачки со помал процент од стандардниот – обично од колку 70%. Внатрешниот систем на автомобилот го пресметува тоа во зависност од начинот на возење (поагресивно или помирно) и од видот на патување (урбано со чести запирања или надвор од градот). Конвенционалната батерија од олово и киселина со течен електролит не може да издржи ваков товар повеќе од неколку недели.

 

Зошто да изберам EFB ?

        –      Батериите EFB се многу по издржливи на вибрации

  • Два пати подлог живот на акумулаторот од конвенционалните акумулатори
  • Јаглеродните адитиви значително го намалуваат нивното време на полнење.

EFB батериите се исто така идеален избор за автомобили без Старт – стоп системи, кои се користат главно во урбани услови. EFB батериите се исто така претпочитан избор за камиони, особено за камиони со долги релации. Со нив, обезбедувањето енергија за голем број системи на бордот гарантира удобност при патувањето, а отпорноста кон екстремни вибрации е задолжителна.

Важно е при замена на различни видови батерии:
Со EFB батерија вградена во фабриката со автомобилот, можете да ја замените со нова EFB или AGM батерија, секогаш со истите карактеристики како и оригиналот.

Со батеријата AGM опремена како стандард на автомобилот, можете да ја замените само со нов AGM, со истите карактеристики како и оригиналот.

Никогаш не ставајте конвенционална батерија на автомобил кој што е фабрички опремен со ЕFB или AGM.

Конфигурирање на новата батерија на автомобилот:
AGM батериите бараат специфична конфигурација по замена.
Ако не се направи тоа, ризиците се:
–       Полнење или потполнење на батеријата, што доведува до оштетување што не е покриено со гаранцијата

  • Проблем со контролата на издувните гасови и сигналните лампи за посета на сервисен центар за време на возењето
  • Неисправност на некои помали системи на бордот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *